Раководството на Ливерпул очекува наскоро Баерн Минхен да испрати трета понуда за Садио Мане.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ливерпул за слободата на Сенегалецот бара 50 милиони евра, иако неговиот договор истекува за 12 месеци.
Тие средства веднаш ќе бидат пренасочени за трансферот на Дарвин Нуњес, за кого Ливерпул е спремен да плати 80 милиони плус 20 милиони како бонуси.
Баерн има договор со Мане и веќе испрати две понуди кои беа одбиени од Ливерпул. Шрвата беше 25 милиони, а втората пет милиони повисока.
Ливерпул очекува Баерн да испрати нова понуда, кој пак не сака да плати 50 милиони евра.