Дома Фудбал Англија Ливерпул го потпишува најскапиот спонзорски договор, но ќе добие и тужба

Ливерпул го потпишува најскапиот спонзорски договор, но ќе добие и тужба

Европскиот шампион Ливерпул наскоро ќе потпише рекорден спонзорски договор во Премиер лигата.

Одличните резултати под водство на Јирген Клоп не останаа незабележани од спонзорите и според магазинот „Форбс“, Ливерпул ќе потпише рекорден спонзорски договор.

Манчестер Јунајтед моментно заработуваат 75 милиони фунти по сезона од договорот што го имаат со „Адидас“, а договорот на Ливерпул ќе ја надмине оваа сума.

Ливерпул е влезен во последната година од договорот што го има со „Њу Баланс“ за 45 милиони фунти по сезона, сума што ќе биде значително зголемена кога ќе се потпише соработката со „Најк“.

Меѓутоа, медиумите на Островот пренесуваат дека сегашниот спонзор ќе го тужи Ливерпул бидејќи постигнал договор со „Најк“.

Имено, во сегашниот договор со „Њу Баланс“ постои клаузула според која компанијата има право да ја израмни понудата на друг спонзор и тврдат дека Ливерпул не им ја дал таа можност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Братот на Игуаин навреди судијка и веднаш доби отказ

Фудбалскиот клуб Columbus Crew од американската MLS лига му врачи отказ на Федерико Игуаин…