Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски во јануари се пресели во Тотенхем на позајмица од Јувентус.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кулушевски покажува одлични партии во Лондон, па Тотенхем најверојатно ќе ја искористи опцијата за негов откуп на лето.
Тој испрати критики до Јувентус и тренерот Алегри, каде не беше во прв план сезонава.




„Работите за еден фудбалер може брзо да се променат. Имаше многу работи кои не функционираа во Јувентус и тоа беше фрустрирачки. Во Тотенхем дишам свеж воздух, имам подобар однос со тренерот и тренирам подобро што се чувствува и на моето тело“, изјави Кулушевски.