Последните информации од Островот се дека Челзи ја довил битката за потписот на Тимо Вернер и за него ќе плати 60 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вернер долго беше поврзуван со трансфер во Ливерпул бидејќи напаѓачот е голем желба на тренерот Јирген Клоп.
Германецот дури и имаше договор со „црвените“, но Ливерпул одби да ја плати неговата откупна клаузула која изнесува 60 милиони евра.
„Во светот има многу добри фудбалери, Тимо Вернер е еден од нив, но исто така е и Каи Хаверц. Во Англија има премногу шпекулации кого ќе ангажира Манчестер Јунајтед, кого Челзи, но што се однесува до нас ние сме тивки“.
„Моментално клубовите губат пари, ВИП ложите нема да бидат полни, а нема да се продаваат влезници. Тоа сигурно ќе влијае и на спонзорите. На крајот на краиштата, неодамна преговаравме со играчите за намалуање на платите, а сега да се дадат 50-60 милиони евра. Тоа ќе предизвикаше хаос“, истакна Клоп.