Дома Фудбал Англија Кејн: Мегваер последните минути ги одигра со една нога

Кејн: Мегваер последните минути ги одигра со една нога

Aнглија не успеа да победи ниту во последниот натпревар од Лигата на Нации, на „Вембли“ одиграа 3:3 против Германија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најкритикуван од сите по ова реми на Англичаните беше Хари Мегваер. Соиграчите застануваат во негова одбрана, како и селекторот. Во медиумите се огласи и капитенот Хари Кејн.

Според изјавата на Кејн Мегваер натпреварот го завршил повреден.

„Во таква ситуација е што после секоја индивидуална грешка ќе биде уништен. Но, ние сме тим и стоиме еден позади друг. Мегваер имаше повреда на крајот и последните пет, десет минути ги одигра скоро со една нога. Тој е одличен карактер и горд сум на него поради тоа“, изјави Кејн.

Од друга страна социјалните мрежи се преполни со видеа за сеир на дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2…