Дома Фудбал Италија Закарија: Сонував да играм за Јувентус

Закарија: Сонував да играм за Јувентус

Новото засилување на Јувентус, Денис Закарија денес официјално беше претставен на пресконференција.

Закарија имаше понуди од неколку европски клубови, но истакна дека од секогаш сонувал да игра за Јувентус.

„Го избрав Јувентус бидејќи сонував да играм за овој клуб, кој е еден од најголемите. Не очекував да ја напуштам Борусија во јануари, но секој ден добивав повик од Јувентус. За мене ова е исполнување на сонот и се надевам дека ќе му помогнам на тимот“.

„Горд сум што играм за Јувентус, тука нивото е многу високо. Се чуствувам добро и веќе одработив два тренинзи со тимот. Спремен сум за игра ако тренерот има потреба од мене“, изјави Закарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Владата на Хрватска остро удри по Торцида: „Срамно однесување, нема место за славење на нацистички режим“

Победата на Хајдук над Ајакс во Сплит остана во втор план по серијата инциденти поврзани с…