Вчера вечер беше официјално потврдено, а денес следуваше и презентација пред медиумите, првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е нов сопственик на уште еден славен италијански клуб – Бари!
Бари е клуб со долга историја од 110 години, па Де Лаурентис вети пред навивачите дека нема од овој клуб да направи само филијала на Наполи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Му благодарам на претседателот за довербата. Кога слушнав за ситуацијата во Бари се јавив на градоначалникот, на почетокот не беше лесно да се договориме, но на крајот успеавме. Ќе се обидеме да го вратиме Бари во Серија А, ќе го разгледаме и правилото според кое два клуба со ист сопственик не можат да играат во исто првенство. Мислам дека можеме да пронајдеме начин, но прво треба да се избориме за такво нешто“, изјави Де Лурентис на денешната презентацијата.
Ќе потсетиме, Бари поради се најде во голема финасиска криза, по што навивачите стравуваа и од згаснување на славниот клуб, но спасот дојде од првиот човек на Наполи.
"Ho coinvolto mio figlio Luigi nel progetto"
"#Reja? ha detto che non vuole più allenare, ma lo risentirò"
?️#Bari, la conferenza stampa del presidente #DeLaurentiishttps://t.co/qFxuh0dNy1— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 1, 2018