Дома Фудбал Анди Робертсон: Заминувам, но и не добив понуда од Ливерпул

Анди Робертсон: Заминувам, но и не добив понуда од Ливерпул

Ендру Робертсон, кој веќе ја најави својата претстојна разделба со Ливерпул летово, призна дека всушност не добил понуда за нов договор. Неговиот актуелен договор истекува по крајот на сезоната и 32-годишниот бек ќе замине како слободен агент.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Не се работи за тоа дека сум одбил некаква понуда или нешто слично. Немаше никаков договор на маса. Тоа беше разговор кој го имавме сите заедно“, изјави Шкотланѓанецот.

„Тоа беше разговор од типот ‘Добро, она што сакам е да играм и верувам дека се уште имам способност да го правам тоа’. Мислам дека го докажав тоа и оваа сезона“, додаде дефанзивецот.

Робертсон, чие име се поврзува со Тотенхем, а минатото лето го привлече интересот на Атлетико Мадрид, истакна дека сака брзо да го реши своето иднина.

„Минатото лето бев близу до заминување, но решив да останам. Истото се случи и во јануари. Ќе се обидам да ја изјаснам својата иднина наскоро. Не сакам да одам на Светското првенство, мислејќи на нешто друго. Засега, сепак нема ништо“, заклучи тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Катастрофа за Слот: Уште еден фудбалер си заминува бесплатно од Ливерпул

Ибрахима Конате ќе го напушти Ливерпул како слободен играч кога на договорот ќе му истече …