Дома Фудбал Неверојатни тврдења од Англија! “Микел Артета знае дека ќе добие отказ”

Неверојатни тврдења од Англија! “Микел Артета знае дека ќе добие отказ”

Микел Артета беше бесен и покажуваше сериозни знаци на загриженост за својата иднина по поразот од Борнмут, тврди експертот за говор на тело.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По изненадувачкиот пораз на Арсенал од Борнмут во натпреварот од Премиер лигата на Емирати, Топчиите сега имаат три порази во четири последни натпревари.

Покрај тоа, беа поразени во финалето на Карабао Купот, и беа елиминирани од понисколигаш од ФА купот.

Манчестер Сити со освојувањето на три бода на гости кај Челзи стигна на само шест бода зад Арсенал, и имаат натпревар помалку.

Ненадејниот пад на формата во последните седмици го доведе во прашање способноста на Артета да го води Арсенал до првиот трофеј во шест години.

Според експертот за говор на тело, Дарен Стантон, Шпанецот е свесен за фактот и знае дека ќе добие отказ ако не успее да ги промени работите.

“Го видовме како покажува израз на вистински бес. Беше апсолутно бесен на својот тим за она што се случи против Борнмут.

Тука не зборуваме само за резултатот. Толку е лут за она што им се случило во последните натпревари, дури и пред овој последен неуспех.

Гледаме дека знае дека овој пораз нема да го стави во добро светло како тренер. Го гледаме зголеменото трепкање кое практично се дуплираше.

Постојат јасни знаци на стрес и анксиозност за неговата ситуација. Се чувствува притисок. Постои израз на презир. Не сака да зборува пред медиумите.

Несреќен е што мора да се соочи со она што се случи и да даде време на новинари за прашања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков хит: Атлетико брутално одговори на Барселона за Алварез!

Ако мислевте дека трансфер сагите современиот фудбал станале предвидливи и здодевни, офици…