Дома Фудбал Италија Де Лаурентис за Сари: Тој е лузер!

Де Лаурентис за Сари: Тој е лузер!

Маурицио Сари донесе изненадувачка одлука и си поднесе оставка од тренерското столче во Лацио по поразот од Удинезе.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Таквата одлука ја коментираше и неговиот поранешен шеф, претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

„Веста за Сари навистина ме шокираше. После првите искусва во фудбалот го стекнувате статусот на професионалец, а кога доаѓате до тоа ниво, мора да преземете и одговорност. Ако ја прифатиш важната улога, мора да издржиш до самиот крај. Од почит кон клубот, кон играчите и навивачите. Најлесно е да дадете оставка, тоа го прават лузерите.

„Не знам кој е мотивот позади тоа, но знам дека Лотито не делува агресивно како претседател. Не може еден тренер тукутака да си замине пред крајот на една сезона“, изјави Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Катастрофа за ПСЖ: Еден од најдобрите фудбалери нема да игра во финалето на ЛШ

Францускиот гигант ПСЖ доби лоши вести пред финалето против Арсенал во Лигата на шампиони …