Дома Фудбал Останато Лудо: Италијански фотограф во Хрватска гледаше рели од шахта на патот (Видео)

Лудо: Италијански фотограф во Хрватска гледаше рели од шахта на патот (Видео)

Годинава, WRC Croatia Rally беше обележан од контроверзниот чекор на еден фотограф кој, во стремежот да улови совршен кадар, ги доведе во опасност и својот живот и безбедноста на учесниците. Фотографот Матео Лели одлучи да ја снима трката од шахта покрај патеката и ја сподели својата авантура на Instagram.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На оваа ризична постапка реагираа и Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) и рели тимот на Hyundai. „Не постои никакво оправдување за вакво однесување. Кога се ставате во опасна ситуација, не ја загрозувате само својата безбедност, туку и безбедноста на екипажот во автомобилот и сите околу себе. Секогаш останете во зоните кои се дозволени за гледачи и не бидете причината за откажување на брзинските испити,“ апелираа од водечката автомобилистичка организација.

„Ова не е начин на однесување на тркачка патека, не го правете тоа на рели. Не се враќајте повеќе на трките,“ беа зборовите упатени на фотографот од страна на Hyundai.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Радовиш подготвен за спектакл: Јубилејниот „Македонски бисер“ носи врвно борење и голема забава со Пајак

Градот Радовиш викендов ќе биде центар на македонскиот спорт и забава. Во сабота, на 30 ма…