Дома Фудбал Наследникот на Бускетс на излезна врата од Барселона

Наследникот на Бускетс на излезна врата од Барселона

Марк Касадо (22), еден од најперспективните последни производи на славната Ла Масија и играч кој многумина го гледаа како долгорочен наследник на Серхио Бускетс, можно е да ја напушти Барселона веќе ова лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младиот играч од средниот ред веќе дебитираше за шпанската репрезентација (два настапа), а со својот развој и игри привлече внимание од бројни европски клубови. Според достапните информации, ШтутгартГалатасарај и Борусија Дортмунд веќе покажаа конкретен интерес, но се очекува дека листата на заинтересирани клубови наскоро ќе се прошири.

Касадо има договор со Барселона уште две години, а неговата пазарна вредност се проценува околу 20 милиони евра. Поради оваа ситуација, клубот сериозно размислува за продажба, свесен дека сега можат да извлечат максимална финансиска корист.

Барселона во последно време не остварува значителни приходи од трансфери, така што овој потенцијален потег се гледа како можност за подобрување на финансиската состојба. Не е исклучено трансферот да достигне сличен износ како оној за кој Антоан Гризман го напушти клубот и се врати во Атлетико Мадрид (22 милиони евра), иако засега конкретни износи не се споменуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“ на повидок: Алварез може да направи трансфер од 150 милиони евра!

Хулијан Алварез е едно од имињата кои би можеле да го привлечат вниманието на летниот тран…