Италијански Наполи е на чекор да ја прекине соработката со тренерот Валтер Мацари, по само неколку месеци соработка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Искусниот стратегго презеде тимот од Руди Гарсија во средината на ноември. Тим кој немаше самодоверба и имаше низа неуспеси во домашното првенство во сезоната во која го брани трофејот на шампионот на Италија.
Многумина беа скептични со оглед на тоа дека тимот на Наполи не беше изграден за претпочитаната формација на Мацари со три бекови, и оние кои размислуваа така се покажаа дека се во право. Наполи продолжи да реди лоши резултати и со Мацари, немаше напредок, па очекувано првиот човек на клубот Аурелио де Лаурентис деновиве размислува да го отпушти и тоа би можело да се случи дури и пред натпреварот во среда против Барселона.
Веќе се најавува и неговиот наследник, а тоа е Франческо Калкона. Тој е актуелен селектор на репрезентацијата на Словачка, а во минатото беше помошник на Спалети и Сари. Се најавува дека тој би останал селектор на Словенија и паралелно би ги извршувал двете функции.