Дома Фудбал Компани го чувал Кејн за потенцијални 120 минути против Реал Мадрид!?

Компани го чувал Кејн за потенцијални 120 минути против Реал Мадрид!?

Хари Кејн е клучен играч на Баерн Минхен и Венсан Компани не сака ништо да остави на случајноста. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англичанецот ги пропушти последните два натпревара во Бундеслигата на гости кај Фрајбург и С. Паули, бидејќи Компани сакал да го има одморен и свеж за Реал Мадрид. Покрај тоа, Баерн има дури 12 бодови предност во Бундеслигата и само е прашање на време кога ќе ја одбрани титулата. 

Затоа, Компани немаше дилема дека треба да го одмори Кејн и за потенцијалните 120 минути против Реал Мадрид.

„Одморањето можеби не е вистинскиот збор. Кејн почувствува нешто по натпреварот против Реал Мадрид, но не е ништо сериозно и неговиот настап во реваншот не е доведен во прашање. Не сакавме непотребен ризик. Беше фантастично што можеше да игра 90 минути во Мадрид, а сега ќе ни биде исто така потребен за цел натпревар, кој знае, можеби и за 120 минути. Се надевам дека тоа сепак нема да биде случај, но мораме да мислиме на сеопфатно,” рече Компани.

Натпреварот Бајерн Минхен – Реал Мадрид е на програмата в среда во 21.00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ацтека беше сведок на одличниот старт на Мексико, црвените картони го вметнаа натпреварот во историјата

Домаќинот Мексико лесно ја совлада Јужна Африка со 2:0 во отворачкиот натпревар на Мундија…