
Тренерот на Манчестер Јунајтед Мајкл Керик изјави дека фудбалерот Коби Мејну е блиску до потпишување на нов договор.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што денеска пренесе „Скај“, клубот ќе му понуди на 20-годишниот фудбалер петгодишен договор, до 2031 година, со значително покачување на платата, во согласност со неговиот напредок и статус во тимот. Мејну во 2023 година како 17-годишник потпиша договор со Јунајтед кој важи до летото 2027 година.
Керик, кој сѐ уште не знае дали ќе остане во клубот после оваа сезона, беше прашан дали Мејну ќе потпише нов договор, а младиот стручњак даде јасен одговор.
„Би сакале така да мислиме. Се приближуваме кон тоа, позитивни сме по тоа прашање. Стабилни сме во врска со тоа и времето ќе покаже како ќе се развива, но сме во добра ситуација со него”, рече Керик.
Мејну не беше во плановите на претходниот тренер Рубен Аморим и се чинеше дека ќе го напушти Олд Трафорд. Кога Португалецот во јануари доби отказ и тимот го презеде Керик до крајот на сезоната, Мејну стана стандарден и играше на сите 10 натпревари во Премиер лигата.