Дома Фудбал Беше вмешан во голем скандал, а сега ќе им суди на Реал и Баерн

Беше вмешан во голем скандал, а сега ќе им суди на Реал и Баерн

Во среда, во 21 часот, во Минхен ќе се одржи реванш полуфиналниот дуел од Лигата на Шампионите помеѓу Бајерн и Реал Мадрид. Баварците влегуваат во оваа средба со предност од 2:1 од првиот меч. Мечот ќе го суди словенечкиот судија Славко Винчиќ, кој има богато искуство во европски натпревари. Винчиќ во четири наврати судел на мечеви на Реал во Лигата на шампионите, при што три од тие четири средби завршиле со победа на мадридскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатата сезона, Реал загуби од Милано со 3:1, додека пак победи против Бенфика со 1:2, Јувентус со 1:0 и Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите пред две години со 2:0. Винчиќ е исто така запознаен и со Бајерн, судејќи им на четири меча, од кои Бајерн има забележано две победи (против Лацио и Леверкузен), едно нерешено (против Интер) и еден пораз (против Барселона).

Винчиќ секогаш ќе биде обележан со сенката на скандалот во кој учествуваше во 2020 година. Во рамките на голема полициска акција во Бијељина, судијата на УЕФА беше приведен по сомнение за организирана проституција наводно од страна на српската старлета Тијана Ајфон. Во истата акција беа уапсени уште 34 лица.

Винчиќ беше уапсен во една викендичка каде што полицијата пронајде девет жени и 26 мажи и заплени кокаин и оружје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем планира понуда за Рашфорд

Тотенхем планира да испрати понуда до Манчестер Јунајтед за англискиот репрезентативец Мар…