Дома Фудбал (Видео) Неверојатна приказна од Аргентина: Поради фудбалер евакуирани патници и затворен аеродром

(Видео) Неверојатна приказна од Аргентина: Поради фудбалер евакуирани патници и затворен аеродром

Од Аргентина пристигнува неверојатен скандал, во центарот на приказната е фудбалерот Емилијано Ендризи (32), кој предизвика паника во авионот и заврши во лисици!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Медиумите таму откриваат дека инцидентот се случил непосредно пред полетувањето на авионот за Буенос Аирес, кога одбранбениот играч на аргентинскиот второлигаш Химнасија Јужуј одненадеж извикал “бомба”.

Тоа предизвика паника меѓу патниците на летот, а ситуацијата дополнително се влошила кога, според медиумите, додал: „Сè ќе експлодира.”

Безбедносните служби брзо пристигнаа на местото на настанот, Ендризи беше изведен од авионот во лисици, а поради инцидентот сите патници беа евакуирани. Авионот потоа беше детално прегледан, летот, како и останатите, доцнеше, а аеродромот беше привремено затворен.

Ендризи требаше да патува со својот тим на натпревар, но заврши во лисици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА донесе уште една забрана пред Светското првенство!

Светското првенство кое оваа година се одржува во САД, Канада и Мексико, стартува следната…