Дома Фудбал Англија Гвардиола: Се чувствувам одлично во Сити

Гвардиола: Се чувствувам одлично во Сити

Пеп Гвардиола планира уште долго да остане на кормилото на Манчестер Сити и покрај шпекулациите кои се појавија во последно време дека може да го напушти англискиот шампион.

Гвардиола никогаш не водел клуб повеќе од четири години, но до сега секогаш до крај ги исполнувал договорите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Ова е мојата четврта сезона, следната ќе ми биде петта и се надевам дека ќе останам уште.Тоа е навистина долго време, се чувствувам одлично тука. Треба да видиме дали заслужувам нов договор. Моето останување не зависи само од мене. Сега се подготвуваме за следната сезона, има доста време за са мислиме на иднината“, изјави Гвардиола.

Во четврток Манчестер Сити му гостува на Вувлерхемптон во натпревар од Премиер лигата.

„Тоа е едно од потешките гостувања. Тие играат исклучително организирано, а нивниот менаџер врши одлична работа“, истакна Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…