Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Борусија не сум ја гледал многу, Халанд е импресивен

Гвардиола: Борусија не сум ја гледал многу, Халанд е импресивен

Денешниот ждреп сакаше во четвртфиналето од Лигата на шампионите да се сретнат Манчестер Сити и Борусија Дортмунд.

Откако паровите беа извлечени, Пеп Гвардиола даде свој коментар за двомечот кој ќе следи против „милионерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имаме привилегија што сме помеѓу најдобрите осум клубови оваа сезона. Борусија не сум ја гледал многу оваа сезонам затоа што немав време. Кога ќе дојде репрезентативната пауза ќе се посветам на нив, меѓутоа добро знам дека се одличен тим“, изјави Пеп.

Посебен коментар Гвардиола имаше за Ерлинг Халанд.

Бројките на Халанд зборуваат сами за себе. Сигурно дека е еден од најдобрите во светот. Неговата статистика е импресивна. Сепак, тука ќе застанам, мене не ми се допаѓа кога некој зборува за моите играчи, па не сакам и јас да зборувам за другите“, заврши Шпанецот.

Првиот натпоревар помеѓу Сити и Борусија се игра на 4. април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…