Дома Топ вести Боно: Бев прва опција на Реал Мадрид

Боно: Бев прва опција на Реал Мадрид

Мароканскиот голман Јасин Боно летово се пресели во Саудиска Арабија во тимот на Ал Хилал, а сега откри како му пропаднал трансферот во Реал Мадрид иако бил една од опциите за замена на Тибо Куртоа кој се повреди.

Летово Јасин Боно беше мета на неколку европски клубови, но на крајот се пресели во Саудиска Арабија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега голманот за првпат откри дека бил блиску до трансфер во Реал Мадрид. Трансферот пропаднал поради неговиот настап на Африканскиот Куп на Нации.

„Бев прв избор на Реал Мадрид, барем така ме известија. Но, подоцна во Реал направиле детална анализа и заклучиле дека ќе пропуштам многу натпревари во клучен период поради Африканскиот Куп на Нации, па побараа други опции“, откри Боно.

Коментари
  • Официјално: Боно нов голман на Ал Хилал

    Како и што се најавуваше Јасин Боно веднаш по завршувањето на обврските во Суперкупот на Е…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…