Играчот за врска на Манчестер Сити, Илкај Гундоган би можел кариерата да ја продолжи во Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гундоган влезе во последната година од договорот со „граѓаните“, а неодамна се појавија информации дека сака ова лето да ја промени средината.




Германскиот фудбалер со турско потекло оваа сезона одигра 43 натпревари на кои постигна 10 голови и подели шест асистенции, но често е на клупата за резерви.




Барселона сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе на „Камп Ноу“, бидејќи Чави во него гледа идеална замена за Де Јонг, кој е на излезна врата.




Сити не сака да го загуби играчот без обештетување, па е спремен да го продаде ова лето за 20 милиони евра.