Дома Трансфер зона Барселона во напредни преговори со Рубен Невеш

Барселона во напредни преговори со Рубен Невеш

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Прв избор е португалскиот репрезентативец и член на Вулверхемптон, Рубен Невеш со кого преговорите се во напредна фаза.

Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, а Барселона веќе ги започна преговорите.

Неговиот агент Жорге Мендеш изминатите денови имаше состанок со раководството на Барселона и наводно ги договорил личните услови на фудбалерот.

Сега останува уште двата клуба да го договорат обештетувањето кое ќе изнесува помеѓу 30 и 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…