Македонија утре од 15:00 часот ќе игра против Ерменија на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дел од ерменскиот состав за овој натпревар се поранешните играчи на Вардар Тигран Барсегјан и Хофханес Хамбарѕумјан. Двајцата поминаа убави денови Скопје, а тоа може да се заклучи и по фотографијата која Барсегјан ја објави на социјалните мрежи.
Барсегјан во овој момент е играч на Астана, додека Хамбарѕумјан е дел од Анортозис.
