Дома Фудбал УЕФА укина дел од санкциите кон Русија!

УЕФА укина дел од санкциите кон Русија!

Европската унија на фудбалот (УЕФА) одлучи да укине дел од санкциите кон Русија, со што им овозможи на младите руски фудбалери да учествуваат на УЕФА турнирот за развој.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што јавува агенцијата „РИА Новости“, руската репрезентација до 16 години ќе игра во Минск од 12 до 18 април, заедно со тимовите на Белорусија и Казахстан.

Четвртиот учесник на турнирот ќе биде дополнително одреден во рамките на програмата „УЕФА Асист“.

Иако Русија не учествуваше во ждрепката за европските квалификации за Светското првенство, Фудбалската федерација на Русија објавува дека постои можност нивната репрезентација дополнително да се вклучи.

Членот на Извршниот комитет на Фудбалската федерација на Русија Михаил Гершкович не ги крие надежите.

Ждрепката неодамна се одржа, но натпреварите ќе почнат да се играат дури следната година. Значи, уште многу нешта може да се променат, затоа, да почекаме. Да ги крстиме прстите и да веруваме дека е можно да нè вклучат во квалификациските групи“, рече тој, а пренесува рускиот „Шампионат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем не губи време: договори уште еден дефанзивец од Премиер лигата

Тотенхем постигна договор со колегите од Брајтон за дефанзивецот Јаан Пол ван Хеке, пренес…