Дома Тикет на денот Тикет на денот (четврток, 23.01.2025)

Тикет на денот (четврток, 23.01.2025)

Започнува расплетот во Лига Европа. Вечерва се играат натпреварите од претпоследното коло во Лига Европа. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Хофенхајм – Тотенхем – Т22+ @ 1.70 во Mozzart

Сезоната за Тотенхем барем во Премиер лигата, скоро и да е пропадната. Тие се далеку не само од врвот, туку се многу блиску до битката за опстанок. Се наоѓаат на 15-то место, но се уште имаат предност во однос на тимовите кои се во зоната за елиминација. Во Лига Европа се на делба на 8-та позиција со уште два тима и ако победат во последните два натпревари ќе обезбедат директен пласман во 1/8 финалето. Германскиот претставник е дури на 26-то место со две позиции под зоната за пласман во бараж, а претходното реми со Стеауа им ги помеша плановите. Ние овде типуваме Т22+ со квота 1.70 во Mozzart.

Плзен – Андерлехт – ГГ3+ @ 2.05 во 22Bet

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Чешкиот претставник е хендикипиран во однос на белгискиот тим бидејќи последниот официјален натпревар го изиграа во половината на декември, додека белгиската Жупиле лига е во полн ек. Фудбалерите на Андерлехт се сигурно уморни бидејќи од почетокот на 2025-та година играат во ритам среда – недела. Чесите ќе имаат уште едно тешко гостување кај Билбао, па овој натпревар делува дека им е пресуден за да го продолжат ова натпреварување. Ние овде типуваме ГГ3+ со квота 2.05 во 22Bet.

Ајнтрахт – Ференцварош – 1 @ 1.63 во Bet365

За Ајнтрахт се оди според планот оваа сезона. Во Бундеслигата се снајдуваат одлично и крајната цел им е третата позиција и пласман во ЛШ, како што стојат работите веруваме дека тоа ќе го остварат. Во Лига Европа се исто така добри и за влез во топ 8 најверојатно ќе им треба уште една победа од преостанатите две кола. Гостите пак ако успеат да стигнат до бараж во 1/8 финалето би биле комплетно задоволни и за нив тоа би било огромен успех. Како и да е, овде ние типуваме 1 со квота 1.63 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.68

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (петок, 11.07.2025)

После првото издание на квалификациите за Европа во новата сезона, денес ни претстои нешто…