Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туен Копмајнерс. 25-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па и самиот сака да направи чекор напред во кариерата. Компајнерс одигра одлично на дуелот со Ливерпул во Лига Европа, па „црвените“ останале импресионирани и сакаат да ја победат конкуренцијата за неговиот потпис. …