Португалскиот стратег Жозе Мурињо и понатаму е без ангажман по заминувањето од Рома, а сега се појави во една видео-реклама со интересна порака.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во краткото видео Мурињо порачува дека наскоро се враќа во Лондон. Засега не е познато на што точно мисли Португалецот, а медиумите пренесуваат дека пораката може да се користи и за финалето во Лигата на шампионите кое оваа година се игра на „Вембли“.
Претходно се шпекулираше и дека е можна опција за Челзи каде што столчето на Покетино е сериозно разнишано, па на „Стенфорд Бриџ“ се очекува да има нова тренерска смена.