Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезона, објави познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо.
Ројс има договор со Борусија до јуни оваа година и тој како што стојат работите нема да биде продолжен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Приказната на Ројс со Борусија е една од најубавите во фудбалот, а сега и таа дојде крајот. Дресот на „милионерите“ го носеше цели 12 сезони и на 415 натпревари постигна 167 голови и подели 126 асистенции.
Во овој момент не е познато кој клуб ќе биде негова следна дестинација. Претходно се шпекулираше за Борусија Менхелгладбах и тимови од МЛС лигата.