Дома Македонски спорт Мак ракомет Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една сезона

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Вардар во иднина ќе го има речиси истиот тим со кој и сезонава е во игра за шампионската титула, а Гоце Георгиевски дава сериозен придонесе во тоа. Тој со екипата на Вардар беше и шампион на Македонија, го освои и Купот и Супер купот, играше и во Лигата на шампионите, и претставува легенда на македонскиот ракомет.

„Знаеме колку значи искуството што го има во себе Гоце, и среќни сме што прифати да биде уште една сезона дел од Вардар. Неговото искуство ќе биде од големо значење за играчите кои доаѓаат на сцената, и кои се повеќе се наметнуваат. Тој е расположен, освен што ќе игра, и да го пренесе своето искуство на помладите колеги.

Вардар е веќе стабилизиран, сериозен, и нашите амбции секогаш се победа, и титули. Гоце е се уште гладен за победување, исто како и Вардар и заедно ќе чекориме кон нови победи, изјави Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…