Oткако стана јасно дека и Ралф Рагник нема да биде нов тренер на Баерн Минхен во германскиот гигант пронајдоа нов фаворит.
Се поврзуваше Баерн и со Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман, но тие како и Рагник на крајот ја одбиваа понудата на баварците. Според последните информации од германските медиуми сега главен фаворит за наследник на Томас Тухел е Роберто Де Зерби.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Де Зерби и претходно се споменуваше како можна опција, но никогаш не се истакнуваше во прв план бидејќи предност имаа останатите кандидати. Италијанскиот стратег важи за некој кој практикува модерна игра и атрактивен фудбал нешто за кое во Баерн водат грижа при потрагата за нов тренер.
Очекувањата се преговорите да се интезивираат во следните неколку дена, па останува да видиме дали двете страни ќе пронајдат заеднички јазик.