Дома Топ вести Паѓа рекордот на Даклан Рајс: Ливерпул „преку ноќ“ ја украде големата желба на Челзи!

Паѓа рекордот на Даклан Рајс: Ливерпул „преку ноќ“ ја украде големата желба на Челзи!

Според последните информации, тимот на Ливерпул го завршува трансферот на Мозес Каиседо од Брајтон, пренесуваат најпознатите медиуми на Островот.

Иако не изгледаше толку сериозно кога се пишуваше за Ливерпул и Каиседо бидејќи Челзи беше главен фаворит, сепак изгледа дека „црвените“ ја завршиле работата и тоа за рекордна сума.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Имено, Ливерпул се одлучил да понуди дури 110 милиони фунти на Брајтон за еквадорскиот играч за врска и наскоро тој би требало да стане нов играч клубот од „Енфилд“. Брајтон на сите заинтересирани клубови им порача дека нема разгледуваат пониска понуда од 100 милиони.

Ако Каиседо и официјално стане фудбалер на Ливерпул за оваа сума ќе го сруши рекордот на Даклан Рајс со трансферот во Арсенал неодамна. Челзи со Брајтон преговараше подолго време, но никако не успеваше да договори пониска сума.

На Ливерпул потребно му беше засилување во средниот ред, Премиер лигата започнува овој викенд, па изгледа дека овој трансфер, барем по оваа сума е изнуден за Ливерпул. Претходно во средниот ред Клоп ги доби Собослаи од Лајпциг и Мекалистер исто така од Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…