Дома Фудбал Англија Поради скандалозната грешка во Премиер лигата обложувач остана без 11.000 евра

Поради скандалозната грешка во Премиер лигата обложувач остана без 11.000 евра

Во викендот кој е зад нас го видовме најскандалозниот потег од почетокот на сезоната во Премиер лигата. Имено, Луис Диаз постигна регуларен гол за Ливерпул во дербито против Тотенхем и истиот беше неправедно поништен поради офсајд.

Ова е посебно скандалозно бидејќи се случува во време на ВАР кога судиите имаат можност да го проверат секој детал и сантиметар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со тој гол на Диаз, Ливерпул ќе поведеше 0:1 и можеби натпреварот ќе имаше еден сосема поинаков тек, Тотенхем ќе потсетиме на крајот победи со 2:1.

Но, не е жали само Ливерпул и неговите навивачи за овој гол. Еден Англичанец поради тој гол останал без 9.510 фунти или околу 11.000 евра.

На неговиот тикет тој прогнозирал дека Гакпо, Сон и Луиз Диаз ќе постигнат голови, а картони ќе добијат Мекалистер, Удоги и Бисумо. Се погоди освен дека Диаз ќе биде стрелец.

Тој на овој облог вложил десет фунти, а на крајот поради судиската грешка остана без голема добивка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …