Во натпреварите кои се последни за Клоп на клупата на Ливерпул, германскиот стратег влезе во расправија со Мохамед Салах.
Напаѓачот, кој беше носител и еден од хероите на „машинеријата“ на Клоп од некоја причина ги загуби нервите и бурно реагираше кон својот тренер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Легендарниот играч на „црвените“ Греам Сонес сега се огласи на оваа тема опишувајќи го Салах како „најсебичниот“ играч кој некогаш го видел.
„Мо Салах има исклучително високо мислење за себе“, започна Сонес при гостувањето во еден подкаст.
Мислам дека Салах го напушта Ливерпул. Беше фантастичен за Ливерпул, но ако оди во саудиската лига, тогаш ќе биде најголемата ѕвезда во тој дел од светот. Исто така во овој момент тој е најсебичниот играч кој сум го видел“, изјави Шкотланѓанецот.
Салах со Ливерпул со Ливерпул трипати беше европски шампион, пет пати англиски шампион, а четири пати по ред го освојуваше Лига купот.