ЕСТЕВАО ВИЛИАН, 17-годишното десно крило на Палмеирас, е новото чудо од дете во Бразил и веќе некое време е многу добро познат на скаутите на најсилните европски клубови.
Еден од најголемите бразилски таленти се поврзува со преселба во Барселона, ПСЖ и Челзи, а лондонскиот клуб наводно веќе подготвил богата понуда за него.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Понудата за тинејџерот, кој има акумулирано само 432 минути во кариерата меѓу професионалците, преку 13 одиграни натпревари за Палмеирас, а со кого Челзи ќе се обиде да преговара, изнесува 55 милиони евра. Постигна два гола и запиша една асистенција. Тој е под договор до летото 2026 година.
Естевао од неодамна е репрезентативец на Бразил до 17 години. Тој го имаше своето деби во ноември минатата година и оттогаш има пет настапи. Во нив постигна три гола и запиша три асистенции.