Германскиот фудбалски клуб Вердер денеска соопшти дека играчот од средниот ред Наби Кеита не отпатувал на дуелот против Баер Леверкузен во Бундеслигата само затоа што немало да биде стартер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Вердер најави дека Кеита ќе се соочи со последици поради одбивањето да патува со тимот.
„Откако Наби вчера дозна дека нема да игра од самиот почеток, реши да се врати дома. Утре ќе разговараме со него и неговите агенти за последиците и како понатаму“, изјави спортскиот директор на Вердер, Клеменс Фриц.
Кеита минатата година пристигна во Вердер Бремен од Ливерпул, но поради честите повреди одигра само пет натпревари.
Леверкузен го победи Вердер 5:0 и со тоа ја обезбеди титулата германски шампион, прва во својата клупска историја долга 119 години.