Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоред.
Германецот кој на крајот на сезоната заминува од таборот на „црвените“ застана во одбрана на своите фудбалери.
„Распоредот е апсолутно луд. Не е нормално Ливерпул да игра натпревар во сабота од 12:30 часот. Никогаш повеќе нема да ја гледам телевизијата „ТНТ“ (која ги пренесува натпреварите). Мораме да играме во четврток, па недела, среда па сабота во 12:30. Тоа што ни го прават е злосторство“, изјави Клоп.
Ливерпул е тим со голем број навивачи во целиот свет и поради тоа игра во посебни термини за да се прилагодува на носителите на телевизиските права. Во последно време избраниците на Клоп наредија неколку неуспеси и поради тоа скоро и да испаднаа од битката за титулата.