Дома Трансфер зона Клоп го потврди рекордниот трансфер на Ливерпул!

Клоп го потврди рекордниот трансфер на Ливерпул!

Утрово изненадувачки се појави веста дека Ливерпул постигнал договор со Еквадорецот, Каиседо кој долго време се поврзуваше со Челзи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дека Ливерпул набрзина ја завршил работата потврди и тренерот Јирген Клоп. На прес-конференцијата пред првиот натпревар во сезоната, очекувано Клоп по вестите кои се појавија доби прашање за Каиседо.

Германскиот стратег не криеше и потврди дека има договор помеѓу клубови.

„Бев известен и можам да потврден дека е постигнат договор помеѓу клубовите. Сакаме да го доведеме играчот“, изјави Клоп.

Станува збор за рекорден трансфер во кој Ливерпул ќе плати 110 милиони фунти со што ќе биде срушен рекордот на Даклан Рајс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…