Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Најдобриот стрелец од македоската прва лига се сели во Франција – во Лига 1!

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Најдобриот стрелец од македоската прва лига се сели во Франција – во Лига 1!

Вчера беше исклучително интересен ден на трансфер пазарот потпишаа голем број играчи, па ТУКА можете да се потсетите што се случуваше. Да видиме како ќе се одвиваат работите денес – следете не и бидете во тек!

– Јувентус утрово го претстави Адриен Рабио кој ќе го носи дресот со број 25 во Торино.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


– ОФИЦИЈАЛНО: Пабло Сарабија е нов играч на Пари Сен Жермен (ОВДЕ)

– Конечно! Тотенхем после 517 дена купи играч и тоа Џејмс Кларк од Лидс, кој ќе се врати во овој клуб како позајмен играч уште една сезона.

– ОФИЦИЈАЛНО: Рафа Бенитез е нов тренер на кинескиот Далијан Џифанг! (ОВДЕ)

– Каталонските медиуми денес опширно објаснуваа како Барселона може да ги доведе и Нејмар и Гризман (ОВДЕ)

– „Скај Спорт“ објави дека Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 78 милиони евра за услугите на Хари Мегваер (ОВДЕ)

– Денес Манчестер Јунајтед барем утрово повеќе се споменува низ медиумите. Покрај веста за Магваер беше објавено и дека клубот ги договорил личните услови со Бруно Фернандеш од Спортинг. (ОВДЕ)

– Барселона конечно вчера после пет години се ослободи од Даглас Переира кој во тој период одигра само осум натпревари во дресот на Каталонците (ОВДЕ)

– Oфицијално: Роберт Снодграс е нов играч на Вест Хем.

– Глазгов Ренџерс најмногу поради Стивен Џерард е фаворит за доведување на Даниел Стариџ.

– Teo Eрнандез утрово ги помина лекарските прегледи во Милан наскоро се очекува официјална потврда за трансферот.

– И денес во исчекување сме на најголемиот трансфер досега во овој преоден рок. Јувентус има договор со Де Лихт, но се чека зелено светло од Ајакс. Холанѓаните не го пуштаат за сума помала од 75 милиони евра. Очекувањата се сите препреки (ако ги има) да бидат надминати. Чекаме…

Карл Џенкинсон од Арсенал би можел да биде замената за Ван Бисака во Кристала Палас, пренесува „Сан“.

– Нова вест од „Скај“: Тангу Ндомбеле според нивни извори пристигнал во просториите на Тотенхем!

– Манчестер Јунајтед му понудил на Немања Видиќ да го води вториот тим на „црвените ѓаволи“. Оваа информација ја потврди кумот на легендата на англискиот гигант (ВИДЕО)

– Експересен одговор од Лестер: На „лисиците“ 78 милиони евра не им се доволни да го пуштат Мегваер! Ова значи дека ако Јунајтед го сака Мегваер веројатно ќе мора да го сруши светскиот рекорд (84 милионие евра.)

– Зошто се уште нема официјализација на трансферот на Жоао Феликс? (ОВДЕ)

– Договорено: Серхио Регулион го напушта Реал Мадрид и се сели во Севиља! Беше јасно дека после доаѓањето на Ферлан Менди од Лион, за Регулион нема иднина на „Бернабеу“.

– Oфицијално: Емре Белозоглу е нов играч на Фенербахче!

– ОФИЦИЈАЛНО: НАПАЃАЧОТ НА РЕНОВА И НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ ОД МАКЕДОНСКАТА ПРВА ЛИГА СЕ СЕЛИ ВО ФРАНЦУСКИОТ ПРВОЛИГАШ НИМ! (ОВДЕ)

– Трансферот на Илија Несторовски од Палермо во Удинезе според италијанските медиуми е завршен работа и многу брзо се очекува потврда.

– Италијанските медиуми објавија дека помеѓу Буфон и Јувентус се е договорено (ОВДЕ)

– „Л’Eкип пренесува дека е постигнат договор помеѓу Тотенхем и Лион за трансфер на Ндомбеле!

– Официјално: Бразилскиот напаѓач Габриел Мартинели е нов играч на Арсенал!

– Италијанските медиуми пишуваат за интересна голманска рокада режирана од Мино Раиола. Имено, Раиола сака Донарума да заврши во Јувентус, Шчесни во Пари Сен Жермен, додека Милан би го добил Перин и 40 милиони евра или само 50 милиони евра. (ОВДЕ)

Oфицијално: На навивачите на Барселона им олесна – Кевин Принс Боатенг  се огласи на Инстаграм, Барселона нема да го откупи.

15:35…

БИДЕТЕ СО НАС СЛЕДУВААТ НОВИ ИНФОРМАЦИИ!

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Миралем Пјаниќ има нов клуб

Поранешниот босански репрезентативец и фудбалер на некои од најголемите европски клуови, М…