Дома Фудбал Шок во Осијек: Турски селектор се сруши среде натпревар – судијата ги испрати фудбалерите во соблекувална! (Видео)

Шок во Осијек: Турски селектор се сруши среде натпревар – судијата ги испрати фудбалерите во соблекувална! (Видео)

Хрватската репрезентација до 21 година има важен натпревар против Турција во Осијек за учество на Европското првенство, а приближно по половина час игра турскиот фудбалер Тикназ доби втор, исклучувачки жолт картон.

Во тој момент, тренерот на Турција за У-21, Егемен Коркмаз (43), се онесвести на теренот. Играчите од двете репрезентации веднаш се упатија кон него за да помогнат, а наскоро стигна и Брзата помош.

На прв поглед се чинеше дека се лизнал и паднал додека во го фрлал палтото поради исклучувањето на неговиот играч, удрил непријатно со главата и останал да лежи. Иако изгледаше сериозно, тој беше свесен додека Брзата помош го пренесуваше. Судијата ги испрати играчите од двете екипи привремено во соблекувалните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите од 21 година во Скопје ќе играат против Русија!

Младата македонска репрезентација до 21 година на 28 септември ќе одигра контролен натпрев…