Дома Трансфер зона „Голманска рокада“: Донарума може да заврши во Јувентус

„Голманска рокада“: Донарума може да заврши во Јувентус

Џанлуиџи Донарума ова лето може да го напушти Милан, а „росонерите“ за неговиот потпис бараат најмалку 50 милиони евра.

Најсилен интерес за младиот италијански голман покажува ПСЖ, кој понуди 30 милиони евра и големанот Ареола, но Милан веднаш ја одби таквата понуда.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Милан поради проблеми со финансискиот фер-плеј ќе биде приморан да го продаде својот „бисер“, но не за сума помала од 50 милиони евра.

Италијанските медиуми објавија „сценарио“ според кое Донарума би можел да заврши во Јувентус, а целото сценарио е креирано од неговиот менаџер Мино Раиола.

Имено, Раиола е спремен да го однесе Шчешни во Пари Сент Жермен за 40 милиони евра, а потоа Донарума во Јувентус за 50 милиони евра или 40 милиони плус голманот Перин.

Јувентус е заинтересиран за ваквата голманска „рокада“, па останува да се види каков ќе биде одговорот на Милан.

Донарума има договор со „росонерите“ до 2021 година, па следното лето ќе влезе во последната година од договорот, и неговата цена ќе се намали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алфонсо Дејвис доаѓа во Мадрид како Мбапе

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…