Дома Фудбал Oфицијално: Рафа Бенитез има нов клуб!

Oфицијално: Рафа Бенитез има нов клуб!

Рафа Бенитез пред неколку дена го напушти Њукасл, а подоцна и откри дека повеќе пати е изигран од страна на сопственикот Мајкл Ешли.

Поранешниот тренер на европските гиганти како Реал Мадрид, Наполи, Челзи, Интер и Ливерпул сепак, не остана долго време без ангажман.

Oна што вчера го најави шпанска „Марка“ утрово доби и официјална потврда – Рафа Бенитез е нов тренер на кинескиот Далијан Џифанг.

Бенитез така ќе го превземе богатиот клуб кој во своите редови има играчи како Јаник Караско и Марек Хамшик. Словакот веќе соработуваше со Бенитез во Наполи.

Во новиот клуб Бенитез ќе добива плата од 12 милиони фунти што е сума двојно поголема од она што го добиваше во Њукасл.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крајова ја заврши работата во првото полувреме: Егнатија поразена со 2-0

Чикалдау и Банку ги постигнаа головите за ЦСУ Крајова, која по три натпревари во Конференц…