Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон на големо изненадување се враќа „дома“, откако постигна договор со Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што известува новинарот на „Скај Италија“ Џанлука Ди Марцио, 41-годишниот Буфон постигнал комплетен договор со италијанскиот шампион.Останува само двете страни да ја официјализираат соработката.
За потсетување, Буфон бранеше за Јувентус цели 17 сезони, од 2001 до 2018 година и за „бјанконерите“ има вкупно 656 настапи.
Минатата сезона беше дел од Пари Сент Жермен каде ја освои титулата во Лига 1 и бранеше на 25 натпревари во сите натпреварувања, на кои прими вкупно 25 гола.
Раководството на Јувентус најави дека по завршување на кариерата ќе му понуди на Буфон да остани да работи во клубот како директор.