Дома Трансфер зона За пет години со Барселона освои шест трофеи и одигра само осум натпревари, вчера конечно си замина

За пет години со Барселона освои шест трофеи и одигра само осум натпревари, вчера конечно си замина

Бразилскиот фудбалер Даглас Переира на изненадување на многумина пристигна во Барселона летото 2014 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Даглас требаше да биде засилување за позицијата десен бек, но на самиот почеток се покажа како големо промашување. Овој Бразилец доби договор на пет години и тоа веќе во стартот беше проблем за Барселона.

Каталонскиот клуб го доведе 28 годишникот и од сезона во сезона го испраќаше на позајмици, но никако не успеваше да го продаде. Но, Даглас од вчера е слободен играч бидејќи конечно му истече договорот со Барселона

За Каталонците одигра само осум натпревари во пет години, меѓутоа ќе остане запаметен по тоа што со овој клуб освои шест трофеи.

Покрај Барселона како позајмен фудбалер го носеше дресот на Бенфика, Спортинг Хихон и Сиваспор, но и во овие клубови едвај играше. Откако му истече договорот многу веројатно ќе се врати во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…