Дома Топ вести Каталонија е на нозе: Еве како Барселона може да ги доведе и Гризман и Нејмар!

Каталонија е на нозе: Еве како Барселона може да ги доведе и Гризман и Нејмар!

Во Каталонија се погласно се пишува – Барселона може да ги доведе и Нејмар и Гризман!

Медиумите во најбогатата шпанска покраина најавуваат жешко лето на „Камп Ноу“. Лидерите во соблекувалната предоводени од Меси не биле за Гризман, повеќе го сакале Нејмар. Од друга страна во управата не сакала да го врати Бразилецот кој пред две години го напушти клубот. Денес е објавено дека наводно дошло до компромис – Гризман ќе биде пријатно пречекан, а клубот ќе направи се за да го доведе и Нејмар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако тренерот Ернесто Валверде не е тој кој одлучува сепак и тој бил прашан за мислење. Валверде дал зелено светло за реализација на двата трансфери.
Но, тука се поставува прашањето каде ќе играат?

Реално и двајцата не се играчи за клупа и работата на Валверде ќе му биде да им пронајде улога. Тука се уште Меси и Суарез што значи дека четири ѕвезди за три места. Валверде верува дека со системот на ротација ќе успее да ги задоволи сите, а во исто време и да го припреми теренот за заминување на Суарез.

Гризман би требало прв да пристигне. Од вчера неговата откупна клазула падна од 200 на 120 милиони евра и тоа е она што се чекаше. Луѓе од Барселона вчера престојувале во Мадрид за да го договорат трансферот. Намерата на Барселона е сумата од 120 милиони евра да добие зелено светло од Барселона за исплата на рати. Наводно, во случај одговорот од Мадрид да биде негативен, Барселона без проблем ќе го исплати тој износ. Поголем дел од трансфер би бил финансиран од продажбата на Осман Дембеле.

Со Нејмар работите ќе одат потешко, но такво нешто е очекувано бидејќи би станувало збор за еден трансферот на летото. Бразилецот сака да замине од Париз, а изгледа ниту ПСЖ нема ништо против да го продаде. Меѓутоа односите на двата клуба се лоши и ПСЖ ќе гледа да извлече максимална сума. Последното барање се пишуваше дека ПСЖ сака 130 милион иевра и двајца од четворицата: Умтити, Ракитиќ, Кутињо и Дембеле.

Многу веројатно е дека во трансферот ќе биде вклучен Кутињо кој Барселона го проценува на 100 милиони евра. Бразилецот разочара на „Камп Ноу“ и сака да замине. Можеби и Иван Ракитиќ кој е во зенитот на кариерата, а ПСЖ му нуди многу побогат договор од оној кој го има во Барселона.

Како и да е Каталонија е во очекување, а шанса да пристигнат и двајцата има!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изјава која не ветува: Дали Надал уште еднаш ќе ги разочара фановите?

Веројатно најдобриот тенисер на сите времиња кога е во прашање играњето на земјена подлога…