
Душан Влаховиќ неодамна се согласи да потпише краткорочен договор (две години) со Јувентус, но италијанските медиуми вечерва носат информации дека Србинот, на крајот, сепак може да заврши во Милан.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нов неверојатен пресврт се случува во кариерата на Душан Влаховиќ. Се очекуваше дека Србинот ќе остане во Торино бидејќи прифатил нова понуда од Јувентус, но сега е поблиску до потпишување за Милан.
Според информациите кои доаѓаат од Апенините, „Росонерите“ му понудиле на 26-годишниот истите услови како и Јувентус, односно плата од седум милиони евра по сезона, но подолг договор од оној што беше понуден од „Старата дама“.
Милан е подготвен да му понуди на Влаховиќ најмалку тригодишен договор, а сето тоа го „заварил“ агентот Дарко Ристиќ, додека престојувал во Милано поради трансферот на Андреја Костиќ, кој доаѓа на Сан Сиро од Партизан.
Раководството на Росонерите ја искористило шансата да разговара и за Влаховиќ. На крајот, дадоа понуда која дефинитивно ќе биде многу интересна за Влаховиќ и неговото опкружување.