Дома Трансфер зона Maнчестер Јунајтед ги договорил личните услови со еден од најбараните фудбалери во Европа

Maнчестер Јунајтед ги договорил личните услови со еден од најбараните фудбалери во Европа

Eкипата на Манчестер Јунајтед е блиску до доведување уште еден фудбалер.

Oткако клубот ова лето ги доведе Арон Ван-Бисака и Даниел Џејмс изгледа дека на ред дојде Португалецот Бруно Фернандеш.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Станува збор за 24 годишен играч кој игра за Спортинг Лисабон и е желба на голем број европски клубови.

Британски „Сан“ утрово објави дека Манчесте Јунајтед ги договорил личните услови со овој фудбалер и дека Португалецот е блиску до преминување на „Олд Трафорд“.

Двете страни се надеваат дека ќе дојде до договор помеѓу клубовите што единственото нешто што преостана за трансферот да се реализира.

Спортинг сигурно нема лесно да го пушти својот играч и смета дека Јунајтед ќе мора да плати барем 60 милиони фунти доколку сака да ја заврши работата.

Инаку, Фернандеш во претходната сезона одигра вкупно 53 натпревари и оствари фантастичен учинок од 32 гола и 18 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …