
Еден од капитените на Челси, Енцо Фернандез, не крие дека би сакал во кариерата да живее во Мадрид. Јавно му се понуди на Реал, но ништо нема да излезе од тоа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Извори од Мадрид пренесуваат дека во Реал ја знаат желбата на Енцо да го облече дресот на “кралскиот” клуб, но неговиот трансфер е невозможна мисија.
Најверојатно, во Реал се свесни дека Енцо би се вклопил одлично во тимот наместо Дани Себаљос и Едуардо Камавинга кои ќе добијат дозвола да заминат ако стигне соодветна понуда, но проблемот е огромното обештетување.
Челси соопшти дека Енцо може да замине само во случај на понуда поголема од 100.000.000 евра, што Флорентино Перез нема да плати.
Енцо пристигна во Челси во јануари 2023 година, откако силно се истакна на СП во Катар, а неговиот трансфер чинеше дури 121.000.000 евра.