Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Челзи го „мерка“ Савиќ, Милан не мирува, Артета преговара со Гвардиола

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Челзи го „мерка“ Савиќ, Милан не мирува, Артета преговара со Гвардиола

Полека зимскиот преоден рок влегува во самата завршница, а со „Спортски“ следете се што се случува на трансфер пазарот.

„Газета дело Спорт“: Челзи тргнува по Милинковиќ Савиќ! Лацио очекува да добие најмалку 100 милиони евра од продажбата на СМС, па останува да видиме дали Челзи е спремен да ја плати таа сума. (тука)

Скаути на Манчестер Јунајтед се очекуваат да присуствуваат на натпреварот помеѓу Вест Хем и Евертон, а причината е Даклан Рајс.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за Белгиецо, Јаник Караско кој има желба да се врати во Европа и наскоро ќе има состанок со неговиот агент. (тука)

Реал Мадрид наводно е заинтересиран за Тимо Вернер кој во својот договор со Лајцпиг има откупна клазула од 50 милиони евра. Меѓутоа овој трансфер повеќе шанси да се оствари има на крајот од сезоната.

Фернандо Љоренте пристигна во Наполи минатото лето како слободен агент откако неговиот договор со Тотенхем дојде до крајот. Сега би можела да се случи интересна разврска и шпанскиот фудбалер повторно да се врати во Лондон. Тотенхем е во потрага по напаѓач по повредата на Хари Кејн, а Љоренте е еден од играчите кои го следи управата на англискиот клуб.

Како Рома останала без Шаќири поради Клоп (тука)

Милан е исклучително активен во овој преоден рок, па после веста дека сака да започне преговори со Караско, сега пристигнуваат информации и дека на мета на „росонерите“ е Серж Орие. од Тотенхем.

Според информациите од Островот Артета го контактирал Гвардиола за да го доведе Џон Стоунс на позајмица во Арсенал. Наводно, првите преговори биле позитивни за Арсенал. (тука)

Иако изгледаше како да е се готово сепак ситуацијата со Жан Клер Тодибо се уште не е решена. Тодибо од неделата е во Германија, но договор нема потпишано се уште. Шалке и Барселона се уште преговараат, Барса сака да избегне клазула или пак да ја подигне. Се шпекулира дека ако не се постигне договор Шалке ќе побара позајмица место на шест месеци на 18 месеци.

Матија Весино не е во плановите на Антонио Конте, па стратегот на Интер го понудил Весино на Милан во замена за Франк Кеси, се чека одговорот на „росонерите“.

Вчера се појавија некои информации дека трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед е блиску до реалација, но сепак денес „Скај Спорт“ тврди дека двата клуба се уште се далеку од договор. Голема била разликата во она што Јунајтед го нуди и она што го бара Спортинг.

Манчестер Јунајтед и во некои претходни преодни рокови се поврзуваше со Томас Милер, сега дел од германските медиуми пишуваат дека „ѓаволите“ се обидуваат да го договорат 30 годишниот фудбалер за на лето.

Џеси Лингард кариерата би можел да ја продолжи во Италија. Неговиот агент Мино Раиола веќе работи на трансферот и имал разговори со италијанските гиганти Милан, Интер и Рома. (тука)

По веста за потенцијалната размена помеѓу Интер и Милан, пристигнува нова, овој пат на релација Рим – Милано. Наводно, Рома и Интер би можеле да ги разменат Спинацола и Политано. Рома за Политано покажа интерес по повредата на Заниоло. (тука)

Официјално: Борини го напушти Милан и потпиша за Верона.

БАРСЕЛОНА ГО ПРЕТСТАВИ СЕТИЕН! (ТУКА)


Матео Политано не е во конкуренција за настап за вечерашниот натпревар на Интер против Каљари. Ова дополнително ги подгрева гласини за размената со Рома со Спинацола.

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти. Најсериозни засега за неговиот потпис изгледа се Реал и ПСЖ (тука)

„Де Телеграф“: Ван Де Бек нема да го напушти Ајакс ова зимо, но на лето преминува во Реал Мадрид.

Ако Манчестер Јунајтед не успее да го доведе Бруно Фернандеш како план „Б“ се споменува името на Медисон од Лестер.

Жадсон Фернандеш ги поминал медицинските прегледи во Тотенхем! Се очекува во наредните неколку часа Тотенхем да го потврди трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бранислав Ивановиќ пред враќање во Премиер лигата!

Легендарниот фудбалер на Челси, по авантурата во Русија, би можел да се врати во Англија, …