Дома Фудбал Барса го претстави Сетиен: Вчера се шетав со крави во моето село, денес сум тренер на најдобрите играчи

Барса го претстави Сетиен: Вчера се шетав со крави во моето село, денес сум тренер на најдобрите играчи

Барселона денес официјално го претстави новиот тренер, Кике Сетиен.

Сетиен на клупата на Барселона пристигнува на местото на Ернесто Валверде кој вчера доби отказ. Овој шпански стратег утрово го водеше и првиот тренинг на кој се запозна со играчите на Барселона.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Овој 61 годишен тренер последниот ангажман го имаше минатото лето. Со Барселона денес потпиша договор до летото 2022 година после што беше официјално претставен.

„Ни во најлудите соништа не можев да замислам дека ќе бидам тука. Вчера шетав со крави во моето село, а денес ги тренирам најдобрите играчи во светот. Не ми требаа ниту пет минути за да донесам одлука. Никогаш не сум помислил дека Барселома може да размислувал дека сум интересен за Барселона. Ако го погледнете моето си-ви ќе видите дека сум ги тренирал Бетис, Лас Паламс и Луго, но овие екипи играа добар фудбал“, изјави Сетиен на претставувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…