Дома Фудбал Англија Артета носи големо засилување од Сити, веќе го контактирал и Гвардиола

Артета носи големо засилување од Сити, веќе го контактирал и Гвардиола

Микел Артета пред неколку недели беше промовиран како нов тренер на Арсенал и се чини дека конечно доаѓаат подобри денови за Топџиите.

Навивачите на лондонскиот клуб се задоволни од тоа како се одвиваат работите од пристигнувањето на Артета, иако е јасно дека може да биде многу подобро. Но, на Арсенал му требаат засилувања доколку сака да игра во Европа следната сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред се тоа се однесува на дефанзивата која е најслаба точка на тимот. Арсенал на мета има неколку дефанзивци, а The Sun пренесува дека Артета ги преземал работите во свои раце.

Пред да дојде на „Емирати“, Артета работеше во Манчестер Сити како помошник на Пеп Гвардиола, и се чини дека е подготвен да ги искористи своите добри односи со него. Не е изненадување што Артета засилување во одбраната сака да донесе токму од Сити.

На метата на Арсенал се наоѓа Џон Соунс кој оваа сезона не се изнаигра во Сити. Стоунс сака да замине на ЕП со Англија и поради тоа е спремен за трансфер во Арсенал за поголема минутажа.

Англиските медиуми пишуваат дека Артета веќе го контактирал Пеп Гвардиола и го прашал дали ќе го ослободи Стоунс, а веројатно шпанскиот стручњак ќе се согласи на тоа. Сега останува само клубовите да постигнат договор за тоа дали ќе биде позајмица или трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…